Младите во Северна Македонија се околу една петина од вкупното население. Нивната бројка е околу 370,000 момчиња и девојки на возраст од 10 до 24 години. Оваа програма има за цел да ја намали ранливоста на заедниците во однос на климатските промени и деградацијата на животната средина така што ќе им овозможи на децата и младите да бидат двигатели на промените. Освен тоа, програмата ги поставува темелите за кохезивно и сеопфатно образование за животна средина и климатски промени во земјата.
Во основа, климатските промени се прашање на детските права
Децата се 30% од вкупното население во светот и се најбројната група луѓе погодена од климатските промени и деградацијата на животната средина. Децата се поподложни на негативните состојби во животната средина и се почувствителни на штетните влијанија врз нивните животи, како сега така и во иднина. Климатските промени и деградацијата на животната средина ги нарушуваат најосновните права на децата ширум светот, ставајќи ги во опасност нивниот живот и добросостојба.
Најнови вести
1 милијарда деца се во „екстремно висок ризик“ од влијанијата на климатската криза – УНИЦЕФ
Младински самит за климатски промени во Скопје – на патот до Милано, Глазгов и понатаму..
Прикажување на „I am Greta“ документарниот филм за првпат во земјата
31 година откако Македонија официјално доби сопствена валута – “денар”
УНИЦЕФ со поддршка за ЕКО програмата на CINEDAYS за подигање на свеста за влијанието на климатските промени врз децата
Младите иноватори добија средства за да ги претворат еко-решенијата во реалност
ФИТР и УНИЦЕФ го обновуваат партнерството за поддршка на младите при работа на иновативни еко-решенија
Владата го усвои ревидираниот национален придонес кон климатскиот договор од париз
Децата и младите се оптимисти и сакаат да придонесат за ублажување на климатските промени
Со новата програма за образование за животна средина, младите стапуваат во првите редови на климатската акција
Приклучи се на нашата заедница и изрази заложба!
Со ставање на својот потпис на оваа заложба, јас се залагам за климатска акција и за поддршка на интеграцијата на образованието за животна средина и климатски промени во образовниот систем. Исто така, се заложувам дека ќе:
- УЧАМ
повеќе за климатските промени и
ќе бидам поангажиран во ова поле,
- Преземам
АКЦИЈА за заштита на животната
средина и намалување на емисиите на стакленички
гасови,
- СПОДЕЛАМ и со другите и ќе ги охрабрувам да научат повеќе за темата, да преземат климатска акција и да ја потпишат заложбата.
СО ВАШАТА ЗАЛОЖБА, ВИЕ:
Станувате дел од една заедница која им овозможува на младите да дејствуваат како двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедницата во однос на климатските промени и деградацијата на животната средина.